Прашања?   +389 2 3232 982   info@panterfarm.com
ЗДРАВЈЕТО ДОАЃА ОД ПРИРОДАТА!
моб. 078 388 898

ПОЛЕНОВ ЧАЈ

36-polenov-caj

ПОЛЕНОВ ЧАЈ

Кесичка од 2,5 г , 100 ќесички во кутија

Поленовиот чај е природен продукт на реномирана кинеска компанија специјализирана за продукти за одржување на здравјето на простатата. Според зборовите на производителот станува збор за 140 години стара кинеска формулација.

Product Description

Поленовиот чај треба да се приготвува и употребува само според прецизно опишаниот начин од страна на производителот.  Корист од употребата на чајот треба да се забележи после 3-10 дена од пиење на чајот.  Производителот препорачува да се испијат најмалку 3 кутии чај, а најдобар ефект би се постигнал со 9 кутии чај.

Состав:Portulaca Oleracea 38%, Taraxacum Officinale 27%, Epilobiom sp.  25%, Pollen 8,50%,Camellia Sinensis 1,50%

Начин на употреба и приготвување на чајот Треба да се пие околу 900 мл чај на ден. Може да се пијат по 450 мл чај, два пати дневно (обично наутро и навечер), или може да се пие по една чаша од 300 мл три пати на ден (наутро, попладне и навечер).

Ако земате лекови, пијте го чајот најмалку 1 час пред или по земањето на лековите за да се намали ризикот од интеракција со нив

Напомена За време на употребата на овој чај не треба да се користат лекови за простата како што е тамсулозинот. За време на третманот треба да се практикува одмор и конзумирање на помалку зачинета храна, избегнување на цигари и алкохол. Овој производ не смеат да го користат бремени жени.

 

Правилен начин на приготвување на Поленовиот чај 

Чекор 1 (Сад за подготовка)

За подготовка на чајот може да се користи емајлиран сад,сад од стакло или челик, но не треба да се користи сад од алуминиум или лиено железо. Билките може да имаат меѓусебно влијание со овие метали и да предизвикаат хемиска реакција која може да го смени нивниот квалитет.

Чекор 2 (Потопете ги билките во вода)

Во садот за подготовка на чајот се ставаат од 12 до 16 кесички Поленов чај, потоа садот се полни со доволно чиста и студена вода (околу 450-500мл) за да се покријат билките и се оставаат кесичките со билки да стојат потопени 10 минути.

Чекор 3 (Зовријте ја водата и оставете ја да преврие 2 до 3 пати)

Ставете го садот на оган додека водата да почне убаво да врие. Потоа намалете ја температурата за да врие на тивок оган и покријте го садот. Не го подигнувајте капакот премногу често за да ги видите билките затоа што ова ќе доведе до ослабување на ‘вкусот‘ и ќе се овозможи многу лесно испарување на испарливите масла од чајот. Обично чајот треба да врие на тивок оган околу 20 минути.  Тргнете го настрана од оган,  подготвениот прв чај се процедува(се цеди и остатокот во кесичките)и зачувајте го чајот од првото вриење. Процедените билки(кесички) повторно прелијте ги со  вода (сипете околу 450-500 мл), и зовријте ги по втор пат околу 15 мин. Тргнете го настрана од оган и процедете, и чајот од второто приготвување помешајте го со првиот така ќе добиете околу 900мл чај. Испијте веднаш 450мл(или 300мл),а остатокот ставете го во фрижидер.

Доколку сакате билките  да ги превриете и 3 пат, постапката е иста како и кај второто превривање.

Чекор 4 (Пиење на чајот)

Треба да се пие околу 450 мл чај, два пати дневно (обично наутро и навечер), или може да се пие по една чаша од 300 мл три пати на ден (наутро, попладне и навечер). Ако земате лекови, пијте го чајот најмалку 1 час пред или по земањето на лековите за да се намали ризикот од интеракција со нив.

Чување  Се чува спакуван во оригинално пакување, на суво, ладно и темно место.

Пакување  Кесичка од 2,5 г /  100 ќесички во кутија.

Рок на траење 24 месеци од датумот на производство означен на кутијата

Производител: Kunming Aolym Biotech Co. LTD Kina

Contact Info

Phone: +389 2 3232 982
Phone: +389 2 3298 985
Mobile: 078 388 898
Mobile: 078 388 899
Email: astrapan@gmail.com
Email: panterfax@gmail.com
Facebook: Facebook Fan Page