Прашања?   +389 2 3232 982   info@panterfarm.com
ЗДРАВЈЕТО ДОАЃА ОД ПРИРОДАТА!
моб. 078 388 898

Срирам хербалс

tig-10

Срирам хербалс

ТИГ-10 Најдобра заштита е раното откривање

Канцерот е болест која се карактеризира со неконтролиран раст на клетките. Постојат повеќе од 100 различни типови на рак, и секој тип е класифициран според типот на клетката која иницијално е зафатена. Канцерот му наштетува на телото кога клетките неконтролирано се размножуваат и формираат грутки или маси на ткиво наречени тумори(освен во случајот на леукемија каде ракот ја оневозможува нормалната функција на крвта со ненормална поделба на клетките во крвотокот). Туморите моче да растат и да интерферираат со дигестивниот,нервниот,и циркулаторниот систем, и тие моче да ослободуваат хормони кои ги менуваат телесните функции.

Product Description

За зголемување на имунитет кај болни од карцином

Фази на канцерот
Повеќето типови на канцер имаат 4 фази, означени со бројки од 1 до 4
1- Вообичаено значи дека канцерот е релативно мал и содржан во органот од каде што започнал да се создава
2- Вообичаено значи дека канцерот е поголем отколку во првата фаза но сеуште не почнал да се шири во околните ткива
– Понекогаш фазата значи дека клетките на канцерот се прошириле во лимфните јазли во близина на туморот. Ова зависи од конкретниот вид на канцер.
3- Вообичаено значи дека ракот е поголем Може да почнал да се шири и во околните ткива и канцер клетките се присутни во лимфните јазли во тој дел.
4- Значи дека ракот се проширил од местото каде што започнал во друг орган во телото. Ова исто така се нарекува секундарен или метастатски канцер.

Третмани за канцер
Има поголем број на третмани за канцер. Целта на секој третман е да ги отстрани канцерозните клетки и да осигура дека канцерот нема да се врати. Ова е течко бидејќи дури и само една канцерозна клетка да остане по третманот, таа има потенцијал да создаде нов тумор. Основните техники кои се употребуваат во третман на ракот се следните:

Операција
Операцијата е вообичаена опција во третманот. Видот на операцијата и кога таа се изведува зависи од видот и фазата на канцерот. Со операцијата се отстранува тумурот и дел од нормалното ткиво кое го опкружува. Отстранетото ткиво се испраќа во лабаораторија за анализа и добиените резултати му помагаат на лекарот да одлучи дали е потребен понатамошен третман, како радиотерапија или хемотерапија.

Хемотерапија
За време на хемотерапијата многу моќни лекови се користат за да ги убијат канцерозните клетки. Може да се дава како таблета, или директно во вена како инјекција или инфузија. Постојат повеќе од 100 различни типовина хемотерапевтски лекови, кои може да се користат за стотици различни видови на канцер.

Радиотерапија
Радиотерапијата истотака позната и како третман со радијација , може да се употребува за третман на различни форми на рак. Може да се применува надвор од телото со ренген зраци, ор внатрешно како течност која се испива или инјектира, или со ставање на радиоактивен материјал близу до туморот. Половина од сите пациенти со канцер се подлегнати на радиотерапија како дел од нивниот третман.

Хормонска терапија
Хормонската терапија делува преку намалување на нивото на хормони во телото или преку стопирање на нивните ефекти. Ракот на простата му е потребен тестостерон за раст, а некои ракови на дојка се стимулирани од естроген или прогестерон.

Биолошки третмани
Биолошките третмани и терапии влијаат врз процесите кои се одвиваат во клетките. Тие можат да ги сопрат канцерозните клетки да се разможуваат и раснат, да ги бараат и да ги уништуваат канцерозните клетки, да го поттикнуваат имуниот систем да ги напаѓа канцерозните клетки (имунотерапија) Интерферон и интерлеукин се двете супстанции кои понекогаш се користат за имунотерапија со цел да го поттикнат имуниот систем и да помогнат за третман на некои канцери како на пр. рак на бубрези. Моноклоналните антитела директно ги таргетираат и напаѓаат протеините на канцерозните клетки. Инхибиторите на ангиогенезата интерферираат со развојот на крвните садови кои носат нутриенти и кислород кои им се потребни на туморите за да преживеат.

Трансплантирање на матични клетки и коскена срцевина
Трансплантирањето на матични клетки и коскена срцевина често се употребува во третман на леукемија (канцер на крвните клетки) и лимфома (канцер кој се развива во лимфатичниот систем).

Комплементарни и алтернативни терапии
Комплементарните терапии можат да се користат паралелно со конвенционалните третмани. Тие понекогаш можат да го подобрат квалитетот на животот на човекот такашто помагаа полесно да се поднесат симптомите на канцерот или споредните ефекти од конвенционалниот третман. Примери за комплементарна терапија се акупунктура, билни препарати, масажа и јога. Алтернативните терапии се оние кои се користат наместо на конвенционалниот третман, и се негова замена.

Во обединетото кралство и до една третина од пациентите со канцер (33%) користат некој вид на комплементарна терапија во некое време од траењето на нивната болест. За некои типови на канцер, како на пр. рак на дојка бројот на пациенти кои користат комплементарна терапија е дури и поголем и до 50%. Лугето често користат комплементарни терапии за да се чувствуваат подобро и да се сносат со канцерот и неговиот третман. Многуте комплементарни терапии се фокусираат на поттикнување на релаксацијата и намалување на стресот. Тие можат да помогнат за смирување на емоциите, ослободување од анксиозноста, и зголемување на општото чувство на здравје и благостојба.
Билните препарати можат да го засилат имуниот систем и да помогнат во борбата со канцерот. Постојат докази дека кога човек се чувствува добро и го редуцира стресот се засилува имуниот систем, но незнаеме дали тоа ќе му помогне на телото да го контролира канцерот.

Срирам Хербалс е ИСО, ГМП и Халал сертифицирана произведувачка компанија, која му додава една друга димензија на хербалниот свет и ајурведата каде специфично ги третира специфичните здравствени проблеми. Ние сме компанија која која оди длабоко до корените до причината за имбалансот и ја обновува хармонијата на телото и умот. Сите наши производи се базираат на билки, ботанички екстракти и други природни состојки и не содржат животински продукти, стероиди или хемикалии.
ТИГ-10 бустерот е еден од најдобрите суплементи по речиси 7 години од истражувањето на Срирам Хербалс. ТИГ-1- е еден од најдобрите природни бустери за луѓето кои се погодени од канцерот.
Состојките на ТИГ-10 се следниве
Curcuma Aromatica, Balsam Odendron Mukul, Lepidium Sativum, Corallocarpus Epigaeus, Aegle Marmelos, Allivum sativum, Melia Azadirachta, Ocimum sanctum, Withania Smnifera, Aloe indica
Curcuma Aromatica

Curcuma Aromatica природно се среќава во суб-хималајскиот планински регион, и поради својата важност комерцијално се одгледува во многу делови од тропскиот и субтропски регион. Билката расте до метар во височина и има ароматични минијатурни листови со налик на плантејн. Коренот е темно кафен однадвор а во внатречноста има силна портокалово-жолта боја, листовите и ризомот имаат уникатен вкус и мирис. Уште од далечното минато куркумата се употребувала поради своето антиинфламаторно, карминативно, анти флатулентно и антимикробно дејство. Билката содржи етерни масла кои се полезни за здравјето како термерон, курлон, курумен, цинеол, и п-цимен. Нејзиното антиоксидантно дејство помага да ги заштити клетките на колонот од слободните радикали кои можат да ја оштетат клеточната ДНА – значително позитивно дејство особено во дебелото црево каде замената со нови клетки е рапидна, и се случува отприлика на секои три дена. Поради нивното често реплицирање мутациите во ДНА на клетките на колонот можат многу побрзо да резултираат во создавање на канцерозни клетки. Истотака куркумата му помага на телото да ги уништи мутираните канцер клетки за да неможат да се прошират низ телото и да направат поголема штета. Дополнително други механизми преку кои може да заштити од развој на канцер се инхибирање на синтезата на протеин кој влијае врз формацијата на тумори и превенирање на развојот на дополнително крвоснабдување неопходно за раст на канцерозните клетки.

Кинг Кобра можете да го најдете во сите аптеки на Зегин и Виола

Повеќе инфо на +389 78 388 899, +389 78 388 898, +389 2 3298-982

Contact Info

Phone: +389 2 3232 982
Phone: +389 2 3298 985
Mobile: 078 388 898
Mobile: 078 388 899
Email: astrapan@gmail.com
Email: panterfax@gmail.com
Facebook: Facebook Fan Page